25/04/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Судот за воени злосторства во БиХ побара од Норвешка во четвртокот (24-ти април) да ги санкционира двајцата затвореници кои одбија да сведочат во судскиот процес за воени злосторства минатата недела. Видоје Благојевиќ и заштитениот сведок, чие име не беше обелоденето, беа повикани на сведочење преку видео-врска во судскиот процес против босанскиот Србин Милош Ступар, обвинет за воени злосторства и геноцид во врска со масакрот во Сребреница во јули 1995 година. Благојевиќ одлежува 18-годишна затворска казна во Норвешка за истото злосторство. Нема детали за вториот сведок. Двајцата е можно да добијат казни поради одбивањето да соработуваат. (AП - 24/04/08)