САД велат дека Македонија треба да пристапи во НАТО што е можно поскоро

25/04/2008

ВАШИНГТОН, САД -- Помошник државниот секретар Даниел Фрид во средата (23-ти април) пред комисија на Конгресот изјави дека Македонија треба да влезе во НАТО што е можно поскоро. Тој додаде дека Бушовата администрација беше разочарана од блокирањето од страна на Грција на кандидатурата на Македонија на самитот на НАТО претходно овој месец, бидејќи земјата ги исполни сите технички критериуми за членство.

Во другите вести, македонскиот премиер Никола Груевски рече дека, според него, долготрајниот спор околу името со Грција негативно ќе се одрази и на пристапот во ЕУ. Ова, и покрај усвојувањето од страна на Европскиот парламент на извештајот во кој се заклучува дека спорот околу името не треба да ја одложи, ниту блокира интеграцијата на Македонија во ЕУ. (MИА, Макфакс, МРТ, АНА-МПА - 24/04/08)