25/04/2008
СОФИЈА, Бугаријa -- Американската влада е сé позагрижена поради корупцијата во бугарските агенции за спроведување на законот, според извештајот на американското Министерство за правда. Бугарските медиуми во четвртокот (24-ти април) цитираа делови според кои ФБИ и Американската тајна служба се двоумат дали да разменуваат информации со своите бугарски колеги, стравувајќи дека тие може да стигнат до организираниот криминал, што би укажало на длабоко закоравената корупција во владата.
Американскиот амбасадор во Бугарија, Џон Бејрли, во петокот во весникот Труд потврди за „двоумењето“ за размена на информации со полициските власти. Тој, сепак, истакна дека соработката со новоформираната Национална агеција за безбедност е прилично добра. (Tруд, БГНЕС, бТВ - 25/04/08)