25/04/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Парламентот во четвртокот (24-ти април) ги одобри персоналните и структурни промени во владата на премиерот Сергеј Станишев, со цел намалување на корупцијата. Владата порасна за едно место -- Меглена Плугчиева од владејачката Бугарска социјалистичка партија стана вицепремиер за финансиите на ЕУ -- додека четири министри си ги заменија местата. Михаил Миков е новиот министер за внатрешни работи, Евгениј Желев е министер за здравство, Николај Цонев е министер за одбрана и Валери Цветанов е министер за земјоделство. (Tруд, 24 Часа, Сега - 25/04/08; БТА, БНР, бТВ, News.bg - 24/04/08)