25/04/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак во четвртокот (24-ти април) рече дека се надева оти Економскиот и социјалниот совет на БиХ конечно ќе биде формиран во следните месеци, истакнувајќи ја важноста за економијата и конструктивниот дијалог помеѓу законодавците, работодавачите и вработените. Тој истакна дека трите групи мора да комуницираат „не само куртоазно“, туку и треба да се гледаат меѓусебно како „политички и практичен ресурс“. Воспоставувањето на ваков совет беше помеѓу обврските што ги презедоа државниот премиер и премиерите ентитетите во Платформата за акција, одобрена во октомври 2007 година. (веб-страница на ОХР, Фена, РТРС, НТВ Хајат - 24/04/08)