Изборната комисија вели дека судир на интереси го следи босанскиот министер за надворешни работи и други функционери

25/04/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Централната изборна комисија (ЦИК) во четвртокот (24-ти април) рече дека го потврдила судирот на интереси кај министерот за надворешни работи, Свен Алкалај, заменик-министерот за одбрана, Игор Чрнадак, и заменик-министерот за цивилни прашања, Сенад Шепиќ. Комисијата им забрани на тројцата да држат или бараат какви било други јавни функции во следните четири години. ЦИК најпрво изрази загриженост за тројцата за време на процесот на проверка во февруари.

Името на Алкалај излегува на површина секогаш кога ќе се појават гласини за реконструкција на владата. Тој најчесто се соочуваше со обвинувања за дискриминација на босанските Срби во неговото министерство. Критичарите, исто така, го обвинија за криење на двојното, хрватско, државјанство. (Дневни аваз - 25/04/08; Фена, РТРС, НТВ Хајат - 24/04/08)