24/04/2008
TИРАНА, Албанија -- Три недели по добивањето официјална покана за влез во НАТО, Албанија во средата (23-ти април) ја започна првата рунда преговори за членство во Брисел. Разговорите се фокусираа на политичките и безбедносните прашања. Следната рунда, закажана за 9-ти мај, ќе се однесува на правните и финансиските аспекти. Хрватска, исто така, доби покана за влез во Алијансата претходно овој месец, а разговорите ќе започнат в понеделник. (Лајм, Коха Јоне, Газета Шкиптаре, Шкип - 24/04/08; ТопЧенал, ВОА, Телеграфи, КТВ, РТК - 23/04/08)