Ердоган ја отфрли можноста за предвремени избори во Турција

24/04/2008

AНКАРА, Турција -- Премиерот Реџеп Тајип Ердоган ја отфрли можноста за предвремени избори за време на состанокот со членовите на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во средата (23-ти април). Ердоган ги информираше пратениците за одбранбената стратегија што адвокатите кои ја застапуваат АКП планираат да ја употребат во аргументите пред Уставниот суд. Турскиот главен преговарач, Абдурахман Јалцинкаја, побара од судот да ја затвори партијата бидејќи, според него, таа стана „средишна точка“ на активностите што го поткопуваат секуларизмот.

Ердоган ги увери пратениците дека одбранбената стратегија е цврста и дека барем засега предвремените избори не се неопходни. Тој додаде дека АКП планира да продолжи со нацрт-измените на уставот и Законот за политичките партии што ќе го отежнат забранувањето на партиите. (Заман - 24/04/08; AНКА - 23/04/08)