24/04/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Експертските тимови на турската и грчката заедница во Кипар работат конструктивно, рече во средата (23-ти април) Хозе Дијас, портпарол на Мировните сили на ОН во Кипар. Шесте работни групи и седумте технички комисии започнаа со работата во вторник и ќе ја постават основата за евентуалното продолжување на преговорите за повторно обединување на островот, кој е поделен веќе со децении. „Членовите на секоја техничка комисија и работна група разговараа и ги изразија своите позиции на многу позитивен начин“, рече Дијаз. Властите формираа комисии според договорот постигнат минатиот месец помеѓу новиот кипарски претседател Деметрис Христофиас и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат. (КНА, Фајненшал мирор - 23/04/08)