24/04/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Мохамед ЕлБарадеи ја повика БиХ да го спречи нелегалниот транспор на радиоактивни супстации и ја понуди помошта на ИАЕА во врска со ова прашање. За време на посетата на Сараево во средата (23-ти април) ЕлБарадеи рече дека разговарал за конкретни проекти со членовите на трипартитното претседателство. Помеѓу овие проекти е и оној чија цел е рана детекција на границите на БиХ. За таа цел официјалните претставници ќе распоредат 12 скенери на граничните премини. Претседавачот на претседателството Харис Силајџиќ го информираше ЕлБарадеи за неодамна усвоениот закон за радиоактивна безбедност, но заклучи дека владата сé уште не формираше регулаторна агенција.
Во другите вести од средата, премиерот на БиХ Никола Шпириќ се состана со делегација на канадскиот парламент, предводена од претседателот на Домот на народите, Питер Миликен. Тие разговараа за економската соработка и потребата за интензивирано подготвување на два договори: еден за билатерална заштита на инвестициите и другиот за избегнување двојно оданочување. (Независне новине - 24/04/08; Фена, РТРС, НТВ Хајат, ХИНА - 23/04/08)