БиХ формираше Национален малцински совет

24/04/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Владата во средата (23-ти април) во Сараево формираше Национален малцински совет, избирајќи го Неџад Јусиќ од ромското малцинство за претседател, а Словенката Марија Грбиќ и Македонецот Василија Ибрахимагиќ за заменици. Советот има десет членови кои парламентот ги назначи во јануари. Уште седум други мора да се изберат, со оглед на тоа што има 17 национални малцинства официјално регистрирани во БиХ. Советот ќе се консултира со парламентот за сите прашања поврзани со правата, статусот и интересите на националните малцинства. (Дневни аваз - 24/04/08; Фена, РТРС - 23/04/08)