Alлбанската полиција уапси наводни шверцери на оружје

23/04/2008

TИРАНА, Албанија -- Полицијата во вторникот (22-ри април) уапси криминална група осомничена за шверц на оружје од Албанија за Косово. Полицајците го уапсија Али Пеци и Арбен Дека од Косово, како и тројца албански државјани -- Наим и Бехар Дунгу и Шабан Сулмета. Во операцијата се запленети околу 7.000 парчиња муниција што групата, наводно, планирала да ги прошверцува за Косово. Полицијата ги уапси мажите во градот Бурел, во близина на границата помеѓу Македонија и Албанија. Властите велат дека Наим Дунгу е полицаец, додека Сулмета работел во воени складиште во Бурел. (Taнјуг, РИА Новости, Шекули, Газетастарт, А1 ТВ, Блиц - 22/04/08)