Новиот изборен систем предизвика расправии во албанската левичарска алијанса

23/04/2008

ТИРАНА, Албанија -- По одобрувањето од страна на парламентот на уставните амандмани во врска со изборниот систем, коалицијата на левичарските партии се подели околу ова прашање. Водачот на Социјалистичкото движење за интеграција (СМИ), Илир Мета, во вторникот (22-ри април) го обвини водачот на Социјалистичката партија (СП) и сојузник Еди Рама за „политички пуч“ и доближување до Демократската партија (ДП) на премиерот Сали Бериша во поддршката на промените. Мета го критикуваше Рама дека ги издал социјалистичките принципи и левичарските гласачи. Тој додаде дека уставните измени на „коуправувањето Бериша-Рама“ ќе ја уништат демократијата. Другиот сојузник на СП, Демократската алијанса, исто така објави дека ќе ја прекине соработката со социјалистите. (Балканвеб, Шекули, Коха Јоне, Газета шкиптаре - 23/04/08; ТВШ, Топченал, Балканвеб - 22/04/08)