23/04/2008
СОФИЈА, Бугарија -- По реконструкцијата на владата во вторникот (22-ри април), во која беа сменети четворица министри и беше додадено петто место, Европската комисија (ЕК) посочи дека сака резултати во борбата против корупцијата и организираниот криминал. „Прашањето со назначувањата ... е целосно внатрешно за бугарските власти, но ние, се разбира, ги земаме предвид овие промени. Назначувањето на вицепремиер без ресор, задолжен за финансиите на ЕУ ја докажува свесноста и посветеноста на владата на гарантирањето коректна асимилација на средствата на ЕУ“, рече портпаролот на ЕК, Марк Греј. „Општо земено, ние се надеваме дека овие измени ќе ги зајакнат мултилатералните реформи чија цел е борба против корупцијата на високо ниво и организираниот криминал, како што посочи ЕК“. Тој истакна дека следните три месеци ќе бидат важни и дека ЕК очекува напредок и соработка. (БТА, Класа, Актуално, БТВ, Дарик - 22/04/08)