Србија вели дека потпишувањето на ДСА најверојатно нема да се случи пред изборите во мај

23/04/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Вицепремиерот Божидар Ѓелиќ во вторникот (22-ри април) рече дека е мала веројатноста Србија да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ пред парламентарните избори на 11-ти мај. Тој, сепак, истакна дека целта на Србија е да добие кандидатски статус до крајот на оваа година. Целосната соработка со Трибуналот на ОН за воени злосторства во Хаг е главен услов за потпишување на ДСА, Сепак, во последниве недели, неколку официјални претставници на ЕУ посочија на потпишување на договорот, без оглед на нивното соработка во врска со воените злосторства, со цел да се поддржат реформски ориентираните партии на изборите. (Политика, Данас - 23/04/08; РТС, Бета, Танјуг - 22/04/08)