22/04/2008
АНКАРА, Турција -- Министерот за надворешни работи, Али Бабаџан, рече дека Турција е подготвена да ги нормализира односите со соседна Ерменија. На заедничката прес-конференција во понеделникот (2-ри април) со својата австриска колешка во посета на земјата, Урсула Пласник, во Анкара, тој рече: „Ние ... испративме порака до новата влада на оваа земја во која истакнавме дека сме отворени за дијалог.“ Тој, исто така, го поддржа брзото решение за конфликтот во Нагорно-Карабах, кое го опиша како „едно од клучните пречки за мирот и стабилноста во регионот“. Турција и Ерменија немаа дипломатски односи и нивната заедничка граница е затворена во изминатите 15 години, делумно поради наводите за геноцидот во времето на Првата светска војна над повеќе од милион Ерменци. (РИА Новости, ИТАР-ТАСС, АП, Ројтерс, Хуријет - 21/04/08)