22/04/2008
TИРАНА, Албанија -- Со убедливо мнозинство парламентот доцна во понеделникот (21-ви април) ја усвои серијата амандмани. Гласањето беше 115 наспрема 17, и три воздржани. Премиерот Сали Бериша им рече на пратениците дека реформите ќе ја спречат кризата во политичкиот систем на земјата. Со овие измени, изборниот систем станува регионален пропорционален, претседателот се избира со мнозинство гласови -- 70+1 -- во парламентот, и државниот обвинител добива мандат од пет години. Претседателот Бамир Топи во понеделникот ги критикуваше измените, велејќи дека спроведувањето ќе одземе време. (Шекули, Шкип, Панорама, Коха Јоне, Газета шкиптаре - 22/04/08; Tопченал - 21/04/08)