22/04/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Хрватска направи уште еден чекор напред во разговорите за пристап во ЕУ во понеделникот (21-ви април), отворајќи уште две од 35-те поглавја -- со што се отворени вкупно 18 поглавја. Уште неколку поглавја се очекува да бидат отворени во јуни, непосредно пред крајот на мандатот на Словенија како претседавач на ЕУ. Франција ќе го преземе претседателството на 1-ви јули, и се обврза дека ќе го поддржи влезот на Загреб во ЕУ.
Исто така во понеделникот, Хрватска како новопоканета земја го заврши првиот круг разговори за пристапот во НАТО. „Разговаравме за политичките и воените прашања. Ја искажавме нашата подготвеност за учество во колективната одбрана и придонес за мирот, стабилноста и безбедноста во евроатланската заедница“, рече шефот на хрватскиот преговарачки тим, Бјанка Матковиќ, по состанокот во Брисел. На 7-ми мај земјата се очекува да ја започне втората фаза од разговорите, кои ќе се фокусираат на финансиските и судските прашања. (Вечерњи лист - 22/04/08; AФП, ХРТ - 21/04/08)