Бугарија објави реконструкција на владата

22/04/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Владата ќе има пет нови членови, потврдија претставниците на владејачката коалиција по состанокот во вторникот (22-ри април). Михаил Миков доаѓа на местото на Румен Петков како министер за внатрешни работи, Евгени Желев го презема Министерството за здравство од Радослав Гајдарски, Никола Цонев ќе го замени Веселин Близнаков како министер за одбрана и Валери Цветанов ќе го замени Нихат Кабил како министер за земјоделство. Исто така, додадена е нова позиција -- Меглена Плугчиева ќе биде вицепремиер без ресор, задолжена за финансиите на ЕУ. Измените бараат одобрување од парламентот. (БТА, БГНЕС, Дневник, Сега, Труд, 24 Часа, Дневник - 22/04/08)