22/04/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Извештајот на владата за нејзините први 100 дена на власт и нејзината програма за развој за периодот 2008-2011 година предизвикаа жестока дебата во парламентот во понеделникот (21-ви април). Опозицијата ја критикуваше владата поради невклучувањето на какви било временски рамки за предложените проекти. Владата, исто така, доби критики за работење без програма, бидејќи нејзината четиригодишна платформа стана јавна дури минатата недела, повеќе од три месеци по општите избори. Во своето обраќање пред пратениците, премиерот Хашим Тачи рече дека главните цели ќе бидат спроведувањето на статусот, економскиот раст, доброто управување и борбата против сиромаштијата. (КТВ, РТК, Косовалајв, КИК, Балканвеб - 21/04/08)