Словачка ќе се заложи за побрзо потпишување на ДСА со Србија

22/04/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Словачка ќе се заложи за побрзо потпишување на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) помеѓу ЕУ и Србија, рече словачкиот министер за надворешни работи, Јан Кубис, за време на посетата на Белград во понеделникот (21-ви април). Кубис, кој се состана со српскиот колега Вук Јеремиќ и премиерот Воислав Коштуница, повика на итно потпишување на ДСА, со цел да се овозможи Србија и ЕУ да ги зајакнат врските. „Исклучително важно е да има цврста позиција помеѓу членките на ЕУ ... дека Србија е иден партнер“, рече Кубис. Словачка е една од членките на блокот кои одбиваат да ја признаат независноста на Косово. (Бета, Танјуг, РТС - 21/04/08)