Србија покрена обвиненија против четири лица во врска со масакрот во 1999 година во Подуево, Косово

22/04/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Обвинителите за воени злосторства во понеделникот (21-ви април) објавија обвиненија против четворица поранешни припадници на паравоената единица Скорпиони, во врска со масакрот во 1999 година во Подуево, Косово. Жељко Дукиќ, Драган Медиќ, Драган Бојевиќ и Миодраг Солај -- припадници на единицата што оперирала под надзор на Министерството за внатрешни работи -- се обвинети за пукање на група од 19 жени и деца од семејството Гаши во селото Подуево на 28-ми март 1999 година. Само пет деца го преживеаја масакрот, спасени од српските специјални полициски единици, кои пристигнаа на местото на настанот. Петтиот Скорпион, Саша Цветан, одлежува 20-годишна затворска казна за масакрот. (Бета, Танјуг, Б92, АП, Jurist.com - 21/04/08)