Советот за безбедност на ОН дебатираше во врска со извештајот за Косово

22/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Советот за безбедност на ОН расправаше за тримесечниот извештај за Косово, претставен од страна на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, во понеделникот (21-ви април). Иако дебатата беше фокусирана на намалувањето на улогата на УНМИК во новата независна држава, претстојните српски избори и остварувањата на локалните институции, истата ја нагласи длабоката поделеност во позициите на членките на Советот за безбедност. Американскиот и британскиот амбасадор ја критикуваа српската одлука за одржување локални избори во Косово, предупредувајќи дека тоа „нема да биде од помош“. Но, рускиот амбасадор Витали Чуркин инсистираше на тоа дека „Србите имаат целосно право да ги спроведат своите парламентарни и општински избори, кога тие ќе сметаат дека треба“.

Српскиот претседател Борис Тадиќ присуствуваше на дебатата, како и косовскиот премиер Хашим Тачи, што беше негово прво вакво појавување откако неговата земја прогласи независност на 17-ти февруари. (Eкспрес, Коха Диторe - 22/04/08; Б92, Бета, Танјуг, АП - 21/04/08)