21/04/2008
БАЊА ЛУКА, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги минимизираше можните закани од атентат против него во саботата (19-ти април). „Имам целосна доверба во Министерството за внатрешни работи на РС, полицијата и другите безбедносни служби на РС“, рече Додик. Во петокот главниот обвинител на Бјелина, Новак Ковачевиќ, ја потврди тековната истрага за тврдењата на медиумите во РС дека поранешните членови на Земунскиот клан планираат да убијат неколку истакнати политичари во БиХ. Според локалните медиуми, најверојатната цел е Додик.
Во другите вести, весникот Дневни аваз во саботата објави дека Додик ја разгледува можноста за широка владина реконструкција. Весникот вели дека ќе ја искористи неодамнешната оставка на министерот за индустрија и енергија на РС, Рајко Убипарипс, за да ги спроведе измените. Други министри за кои се зборува дека ќе бидат сменети се министерот за земјоделство Радивоје Братиќ и министерот за здравство Ранко Скрбиќ. (Дневни аваз - 20/04/08; Фена, РТРС - 19/04/08)