21/04/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Американскиот амбасадор во БиХ, Чарлс Инглиш, ги отфрли сецесионистичките говори на Република Српска и истакна дека секоја идеја за поделба на двата ентитети во БиХ е „неприфатлива и опасна“. За време на предавањето за американската надворешна политика во БиХ во саботата (19-ти април), Инглиш, исто така, ги повика политичарите на БиХ да започнат со работа и да се издигнат над партиските интереси за интеграцијата во ЕУ. БиХ треба да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ овој или следниот месец. (Дневни аваз, Б92 - 20/04/08; Фена, РТРС - 19/04/08)