Бериша ги пофали очекуваните изборни реформи

21/04/2008

ТИРАНА, Албанија -- Премиерот Сали Бериша во неделата (20-ти април) рече дека реформите преземени за промена на изборниот систем и начинот на кој се избира претседателот се од историска важност и ќе ја трансформираат Албанија во западно ориентирана и прогресивна земја. На состанокот на парламентарната група на владејачката Демократска партија, Бериша истакна дека реформите се поддржани од мнозинството пратеници. Парламентот треба да гласа за пакетот реформи на уставот во понеделник. (Шекули, Коха Јоне, Шкип - 21/04/08; веб-страница на албанскиот премиер, Топ-ченал, Балканвеб - 20/04/08)