21/04/2008
ТИРАНА, Албанијa -- Работниците во складиштето за муниција во близина на Гердец и жителите на Валона во неделата (20-ти април) протестираа, барајќи го надоместокот што им беше ветен од страна на владата набргу по серијата експлозии во фабриката, во кои загинаа 29, а ранети беа 300 лица, и уништени беа стотици куќи во регионот. Полицијата ја спречи толпата да се приближи до местото каде што се случи експлозијата на 15-ти март. Демонстрантите рекоа дека премиерот Сали Бериша ги лажел за ветениот надоместок и дека никој сé уште не го добил. (Коха Јоне, Шкип - 21/04/08; Шекули, Балканвеб - 20/04/08)