Комисија на Европскиот парламент го разгледува извештајот за Турција

21/04/2008

AНКАРА, Турција -- Комисијата на Европскиот парламент за надворешни работи в понеделник (21-ви април) ќе гласа за предлог-извештајот за Турција. Првото гласање на генералното собрание на парламентот е закажано за мај. Во извештајот се очекува да се спомене загриженоста поради случајот на затворање покренат против владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Еден од 250-те амандмани на извештајот пред гласањето на комисијата вели дека: „Европскиот парламент е многу загрижен за импликациите за можна забрана на владејачката Партија на правдата и развојот“ и дека „се очекува турскиот Уставен суд да дејствува во согласност со насоките на Венецијанската комисија за забрана на политички партии“. Со ова се повторува загриженоста на Парламентарното собрание на Советот на Европа минатата недела. (Заман - 21/04/08; новинска агенција Анадолу, Хуријет, Сабах - 20/04/08)