21/04/2008
AТИНА, Грција -- Три лица беа повредени во неделата (20-ти април) во судирите кои избија помеѓу работниците-емигранти и земјоделците на грчкиот остров Пелопонез. Полицијата вели дека сопствениците на земјиштето и нивните поддржувачи се собрале во селото Неа Манолада да се пресметаат со собирачите на јагоди поддржани од членови на синдикатот и активистите испратени од Грчката комунистичка партија. Тие претходно се собраа на протести на главниот плоштад во селото, барајќи покачување на платата од 23 на 30 евра на ден. Стотици сезонски работници, претежно странци, работат на фармите во Пелопонез, еден од најголемите производители на јагоди во Грција. (АФП, Њус Ин - 20/04/08)