Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Маскирани вооружени лица забележани на косовско-македонската граница

21/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Маскирани вооружени лица се забележани на границата помеѓу Косово и Македонија изминатиот викенд. Македонското Министерство за внатрешни работи во неделата (20-ти април) рече дека ситуацијата на границата е мирна. „Нема знаци на дестабилизација“, рече портпаролот на министерството, Иво Котевски. Косовската полициска служба потврди дека ги испитува извештаите за вооружени лица во селата Дебелде и Мјак, откако приштинските медиуми пренесоа приказни и фотографии на мажите. Косовскиот министер за внатрешни работи, Зенун Пајазити, вели дека нема информации за нивниот идентитет или локација.

Според извештаите на медиумите, вооружените напаѓачи го отфрлиле договорот од 2001 година помеѓу Скопје и Белград, со кој се префрлаат пограничните села под македонска управа. Во петокот Приштина и Скопје потпишаа протокол во кој се дефинира едногодишниот процес на одбележување на косовско-македонската граница, во согласност со плановите на поранешниот претставник на ОН за Косово, Марти Ахтисари. (Коха Диторе, Експрес - 21/04/08; КТВ - 20/04/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's