Aнкара го осуди убиството на турскиот рибар во бугарските води

20/04/2008

АНКАРА, Турција -- Министерството за надворешни работи во саботата (19-ти април) го осуди инцидентот од минатата недела, во кој турски рибар кој влезе во бугарски територијални води беше убиен од страна на бугарската погранична полиција. Во официјалното соопштение, министерството вели дека слични дејства врз рибари, засновани на наводите за нелегални активности се „неприфатливи“. Во четвртокот, при обид на пограничната полиција да уапси тројца рибокрадци на реката Резово, беше пукано и едно лице загина. Двајцата други беа уапсени. (AФП, Хаберлер, БТА, новинска агенција Анадолу - 19/04/08)