20/04/2008
АТИНА, Грција -- Екстремно десничарската група, која се нарекува себеси Антидемократска борба, во петокот (18-ти април) ја презеде одговорноста за двата подметнати пожари во автомобили во сопственост на босанската и турската амбасада во Атина. Иако возилата беа многу оштетени, нема извештаи за евентуални човечки жртви. Претходно овој месец, два автомобили во сопственост на амбасадите на Саудиска Арабија, беа запалени во два одделни инциденти. (MИА, ИТАР-ТАСС, ДПА - 18/04/08)