20/04/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Водачите на владејачката Национално-либерална партија (НЛП) и Партијата на народна акција (ПАП), која нема претставници во парламентот, потпишаа договор за спојување во петокот (18-ти април), пред локалните и парламентарните избори. Локалните избори се закажани за јуни, додека парламентарните избори ќе се одржат на крајот од годинава. Премиерот Калин Попеску Таричеану од НЛП посочи дека спојувањето ќе донесе серија либерални вредности за политиката. Водачот на ПАП, Емил Константинеску, од своја страна, го опиша спојувањето како прв конкретен чекор во обединувањето на десничарско-центристичките сили. (Ромпрес, Медиафакс - 18/04/08)