20/04/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Премиерот Иво Санадер во саботата (19-ти април) рече дека Хрватска никогаш не била во подобра меѓународна позиција. По повод одбележувањето на 100те дена од неговата влада, тој ја наведе неодамнешната покана на земјата да пристапи во НАТО и посетата на американскиот претседател Џорџ В. Буш. Во исто време, Санадер призна дека Хрватска, како и другите земји во светот, се бори со високите цени на нафтата и храната. Санадер говореше пред Хрватската селска партија, коалициски партнер на неговата Хрватска демократска заедница. (Пословни дневник, ХРТ, Javno.com, Вечерњи лист - 19/04/08)