20/04/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Преводот на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) на Босна и Херцеговина (БиХ) со ЕУ на 1.300 страници, на сите 22 официјални јазици на ЕУ, може да го одложи потпишувањето, рече министерот за надворешни работи на БиХ, Свен Алкалај, во петокот (18-ти април) во Брисел. „Ако договорот не биде потпишан на 29-ти април, документот ќе биде потпишан во Брисел на 26-ти мај, по завршувањето на процедурата на превод“, изјави Алкалај за СРНА по телефон, по состанокот со претставниците на Европската комисија. Словенија, актуелниот претседавач на ЕУ, ги предводи напорите. (Дневни аваз, Фена, РТРС, СРНA - 18/04/08)