Работните групи се состанаа на разговори за повторното обединување на Кипар

20/04/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- За првпат во последниве четири години, работните групи експерти од заедниците на кипарските Турци и кипарските Грци во Кипар се состанаа во петокот (18-ти април), со цел да се подготват околу разговорите за повторно обединување на поделениот остров. Групите, кои ги сочинуваат научници, правници и економисти, планираат да се состануваат секој ден во близина на аеродромот во Никозија, кој е моментно под контрола на мировниците на ОН. Тие ќе разговараат за прашањата на можното обединување, како што е поделбата на власта, начините на зајакнување на економските односи помеѓу двете земји и законодавните прашања. За време на состанокот во март, претседателот на кипарските Грци, Деметрис Христофиас, и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, реши да ги продолжи сеопфатните разговори засновани на резултатите на овие работни групи. (Хуријет - 19/04/08; РИА Новости, Сајпрус обсервер, веб-страница на ОН, АФП, АП, Ксинхуа - 18/04/08)