Тачи вели дека очекува Црна Гора наскоро да го признае Косово

20/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Премиерот Хашим Тачи во саботата (19-ти април) рече дека очекува Црна Гора наскоро да ја признае независноста на Косово. „Црна Гора не е нерешителна во врска со независноста на Косово. Убеден сум дека ова ќе се случи во брза иднина“, изјави Тачи за новинската агенција МИНА. Тој додаде дека најважна цел на Косово е воспоставување добри односи со Црна Гора. Запрашан за протестите на Црногорците што живеат во Косово во врска со фактот што не се споменати во уставот, Тачи рече „Членот 3 ... вели дека Косово е мултиетничко општество, кое го сочинуваат Албанците и другите заедници. Тоа значи дека уставот ги третира сите заедници што живеат во Косово подеднакво.“ (Maкфакс, Мина, ББС - 19/04/08)