Претставникот на ОН вели дека е потребен итен компромис во грчко-македонскиот спор околу името

20/04/2008

АТИНА, Грција -- Претставникот на ОН во спорот околу името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во петокот (18-ти април) рече дека е потребен итен компромис за решавање на спорот околу името што е можно поскоро. „Ние нема да понудиме решение, но јас мислам дека настаните во изминатиов месец дадоа друг поглед на целава ситуација и ние ја истакнавме важноста и итноста на продолжувањето на разговорите за изнаоѓање решение“, рече Нимиц по состанокот со грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, во Атина. Тој, сепак, не посочи некој краен рок за решавање на прашањето.

Бакојани рече дека разговорите ќе бидат интензивирани по предвремените избори во Македонија на 1-ви јуни. Тие беа распишани откако Скопје не доби покана за влез во НАТО на неодамнешниот самит на Алијансата во Букурешт. Пред посетата на Атина, Нимиц беше во Скопје, каде што се состана со високи владини претставници во врска со спорот околу името. (Дневник, АНА-МНА - 19/04/08; AФП, ДПA - 18/04/08)