18/04/2008
ТИРАНА, Албанијa -- Ќемал Минџози, член на парламентот од главната опозициска Социјалистичка партија, во четвртокот (17-ти април) рече дека планира да ја тужи поранешната главна обвинителка на Трибуналот на ОН за воени злосторства, Карла дел Понте. Се работи за наводите во нејзината неодамнешна книга во врска со трговијата со човечки органи во Косово и Албанија. Во парламентот Минџози го претставува селото Гуре, кое во книгата се опишува како точка на трговијата со човечки органи. Дел Понте тврди дека некои водачи на Албанците и косовските Албанци, меѓу кои и премиерот Хашим Тачи, биле вклучени во отстранувањето органи од телата на околу 300 српски затвореници во летото 1999 година.
Во средата Хашкиот трибунал издаде соопштение во кое вели дека не добило сигурни докази за издржаноста на наводите на Дел Понте. (Коха Јонe - 18/04/08; AП - 17/04/08)