Албанските демократи се борат за заеднички јазик во врска со уставните измени

18/04/2008

ТИРАНА, Албанија -- Водачите на владејачката Демократска партија (ДП) и нејзината пратеничка група се состанаа во четвртокот (17-ти април) во обид да најдат заеднички јазик за потенцијалните уставни измени, особено изборните реформи. Некои во партијата сакаат претседателот да се избира директно од гласачите, додека премиерот Сали Бериша, кој ја предводи партијата, смета дека претседателот треба да го бира парламентот. Сепак, тој е подготвен да ја разгледа можноста за помали измени кои би го олесниле процесот. Преговорите со коалициските партнери продолжуваат. (Коха Јоне, Шекули - 18/04/08; ББС, Балканвеб, Топченал - 17/04/08)