18/04/2008
ВИЕНА, Австрија -- Меѓународната управна група (ИСГ) за Косово се состана во Виена во четвртокот (17-ти април), на разговори околу ситуацијата во Косово два месеци по нејзиното прогласување независност од Србија. ИСГ го пофали постигнатиот напредок и ги пофали косовските водачи за контролирање на ситуацијата по отцепувањето со „зрелост и мудрост“. Претставникот на ЕУ во Косово, Питер Фејт, вети дека „ИСГ ќе стори сé што е можно за да обезбеди одржливост на овој напредок“. ИСГ, исто така, го осуди насилството минатиот месец против меѓународните мировници. Полицаец на ОН беше убиен на 17-ти март во северно Косово.
Исто така, генералниот секретар на Советот на Европа, Тери Дејвис, на прес-конференцијата во средата во Стразбур рече дека независноста не го дестабилизираше Балканот. Дејвис призна дека постои „голема загриженост ... за тешкотиите помеѓу земјите или во нив“, но исто така ги наведе и позитивните чекори. „Треба да се гледа целосната слика“, рече тој. (Лајм, Коха Диторе - 18/04/08; Б92 - 17/04/08; Б92, Бетa - 16/04/08)