Хрватска одлучи да отвори уште две поглавја во разговорите за пристап со ЕУ

18/04/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Според извештаите на медиумите во четвртокот (17-ти април) Хрватска ќе отвори разговори за уште две поглавја од аквисот во процесот на преговори со ЕУ следната недела. Поглавјата се за транспортната политика и енергијата. Со ова вкупниот број отворени поглавја ќе биде 16, од вкупно 33 поглавја што се предмет на преговорите. Досега Хрватска условно затвори само две поглавја. Владата вети дека ќе ги отвори сите до крајот на годинава и ќе ги заврши преговорите до крајот на 2009 година.

Во изјавата за новинарите по состанокот на Комитетот на постојаните претставници на ЕУ во средата, словачкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел, ги негираше медиумските шпекулации дека неговата земја го блокира отворањето на нови поглавја од преговорите со Хрватска. „Ние секако имаме резервираност ... но навистина сакаме Хрватска да биде успешна и да постигне напредок во својата кандидатура за влез во ЕУ“, рече Рупел. (Вечерњи лист, Javno.com - 17/04/08)