18/04/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Владата во четвртокот (17-ти април) одлучи да спроведе локални избори во Косово и покрај противењето на УНМИК. Српскиот министер за трговија, Предраг Бубало, рече дека во тек е кореспонденција со УНМИК, но дека „без оглед каков ќе биде одговорот на УНМИК, изборите во Косово и Метохија ќе се одржат“. Србија треба да избере нови парламентарни и локални власти на 11-ти мај.
Според извештаите на медиумите во Косово, шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, му кажа на Белград дека организирањето српски локални избори во Косово ќе значи кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и нема да соодветствува со власта на УНМИК во Косово. Тој потврди дека УНМИК ќе прифати одржување српски парламентарни избори во Косово. Белград сака да организира локални избори во 23 општини населени со Срби. Српскиот министер за Косово, Слободан Самарџиќ, му предложи на Рикер „да ги затвори очите“ на 11-ти мај, велејќи дека шефот на УНМИК веќе го стори тоа на 17-ти февруари кога Косово прогласи независност. (Коха Диторе, Експрес, Зери, Лајм - 18/04/08; Б92 - 17/04/08)