18/04/2008
НИКОЗИЈА, Кипар -- Специјалниот британски претставник за Кипар, Џоан Рајан, рече дека е оптимист во врска со успехот на разговорите за повторно обединување помеѓу преговарачите на кипарските Грци и кипарските Турци, кои ќе започнат на техничко ниво в петок (18-ти април). Рајан, кој ја заврши тридневната посета на Кипар во четвртокот, рече дека верува оти новите разговори би можеле да ја решат неколкудецениската поделеност на островот. „Ќе има тешкотии, (но) јас сметам дека сега е навистина возможен напредок“, рече таа. (Хуријет - 18/04/08; AП - 17/04/08)