18/04/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски во четвртокот (17-ти април) му кажаа на посредникот на ОН, Метју Нимиц, дека Македонија е подготвена да продолжи со разговорите за решавање на остриот спор околу името со Грција. „Добив уверување на двата состаноци дека државното раководство е посветено на продолжување на преговорите“, изјави Нимиц за новинарите. Иако задоволен што владата е подготвена за решавање на прашањето пред предвремените избори, закажани за 1-ви јуни, Нимиц рече дека нема нови предлози.
Дочекувајќи го својот германски колега Хорст Келер во четвртокот во Скопје, Црвенковски му рече дека Македонија е подготвена на компромис во врска со спорот околу името. „Подготвени сме заради иднината на оваа земја да прифатиме компромис, но не по секоја цена“, рече Црвенковски. Одложувањето, пак, исто така не е опција, рече тој, потврдувајќи дека што подолго спорот се одолговлекува, толку полошо ќе биде за Македонија. Тоа веќе ја чинеше земјата покана за членство во НАТО претходно овој месец. Келер, од своја страна, ја повика и Атина на компромис. Нимиц в петок ќе отпатува за Атина, каде што ќе ги продолжи своите консултации. (Дневник - 18/04/08; Maкфакс, МИА, МРТ, АП - 17/04/08)