17/04/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Судот во средата (16-ти април) го ослободи поранешниот хрватски офицер Здравко Михаљевиќ од обвиненијата за прогон, убиства и тортура на босански муслимани за време на конфликтот во периодот 1992-1995 година. Судот пресуди дека иако Михаљевиќ бил припадник на хрватската војска во тоа време, обвинителите не успеале да докажат дека учествувал во злосторствата или дека бил присутен за време на нивното извршување врз цивилите во градот Кисељак. (AФП, БИРН, Танјуг, Б92, Дневни аваз, Фена, Независне новине - 16/04/08)