17/04/2008
АНКАРА, Турција -- Еден војник, наводно, загинал, а 13 други се повредени во борбите помеѓу турската армија и членовите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) во планинската област на покраината Сирнак во средата (16-ти април). Според турските медиуми, борбите започнале откако војниците побарале герилците да се предадат. Наместо тоа, тие отвориле оган врз војниците. Нема информации за жртвите на ПКК. Операцијата сé уште трае.
Во меѓувреме, полицијата во Дијарбакир соопшти дека уапсила двајца мажи во средата за носење експлозивни направи. Инспекторите велат дека тие планирале да извршат бомбашки напад на локална железничка станица која армијата ја користи за пренос на војници и воена опрема. (СНН Турк, ДПА, АФП, Доган, Хуријет, АП, НТВ, ББС - 17/04/08)