Хашкиот трибунал вели дека „нема сигурни докази“ за трговија со човечки органи во Косово

17/04/2008

ХАГ, Холандија -- Инспекторите на ОН „не најдоа сигурни докази“ за трговија со човечки органи во Косово, рече портпаролката на обвинителството во Хаг, Олга Кавран, во средата (16-ти април). Таа објасни дека продолжението во врска со ова прашање ќе биде оставено на УНМИК и другите власти. Поранешната главна обвинителка на ОН за воени злосторства, Карла дел Понте, во својата неодамна објавена книга вели дека албанските водачи во Косово, вклучително и актуелниот премиер Хашим Тачи, помагале во отстранувањето на органите од телата на околу 300 српски затвореници во летото 1999 година. (AФП, АП - 16/04/08)