УНМИК и Контакт-групата се против тоа Србија да одржи избори во Косово

17/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Шесте членови на Контакт-групата, вклучително и Русија, се противат на одржувањето српски локални избори во Косово на 11-ти мај и ги поддржуваат истите позиции како и УНМИК, објави во средата (16-ти април) портпаролот на мисијата на ОН, Александар Иванко. Истакнувајќи дека ставот на УНМИК го делат дипломатските претставници од САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Русија, тој рече: „Ќе биде интересно да се види дали Србија ќе одлучи да се спротивстави на волјата на сите меѓународни играчи, а не само на оние од ЕУ, ОН и Контакт-групата, бидејќи сите тие јасно кажаа дека српските локални избори не треба да се одржат во Косово“. Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, планира да испрати порака до Белград во која ќе потврди дека одржувањето избори би ја прекршило резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. (Експрес, КохаДиторе, Телеграфи - 17/04/08; РТК, КТВ Косовалајв, Танјуг - 16/04/08)