17/04/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Локалната полиција и специјалниот обвинител на УНМИК подигнаа обвинение во средата (16-ти април) против 21 косовски Србин осомничени за уништување на пограничниот премин кај Лепосавиќ и Зубин Поток во северно Косово. Откако Косово прогласи независност на 17-ти февруари, косовските Срби ги уништија и запалија полициските и царинските канцеларии на границата. Обвиненијата би можеле да бидат за уништување на државен имот па сé до тероризам. Водачот на Српскиот национален совет, Милан Ивановиќ, во средата рече дека косовската полиција покренува лажни обвиненија против Србите за да ја дестабилизира ситуацијата во северниот дел, каде што доминира српското население. (Коха Диторе, Експрес, Лајм - 17/04/08; Бета, АФП, РТК, Косовалајв, РТС - 16/04/08)